На „Ало докторе“ за една недела 1.091 повик

Од:

На телефонската линија „Ало докторе“ изминатите седум дена (од 13 март до 19 март) имало 1.091 јавување.

Од 15 септември 2014 година кога почна да работи линијата 02/15 123, досега, имало 144.716 повици.

Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето.

Дваесет и пет доктори се достапни за медицински совет за јавувањата кои се од граѓани од сите градови на Македонија.

Јавувањата најчесто се за совети поврзани со променливото време, хронични заболувања, респираторни симптоми, кардиоваскуларни, главоболки, зголемена телесна температура, сезонски настинки и симптомна болка.

Би можело да ве интересира

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните