На албанско-македонската граница кај Дебар запленети 122 кг марихуана

Од:

Албанската гранична полиција спречила шверц на поголема количина марихуана, која требало да биде пренесена на македонска територија.

Станува збор за 122 килограми марихуана пакувана во повеќе торби и натоварена на коњ.

– Граничната патрола на зелениот појас на границата, во атарот на селото Клобочишта кое се граничи со македонското село Бањиште кај Дебар, забележала лице кое води натоварен коњ и се движи во првец на македонската граница. Откако ја забележало полициската патрола, оставајќи го натоварениот коњ, лицето се дало во бегство и благодарени на теренот и темнината успеало да побегне, потврдуваат од полицијата.

Полицијата, сепак успеала да го идентификува лицето. Станува збор за С.И. жител на пограничното село Маќелари.

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар

МВР: Извршени се 47 претреси, уапсени се 16 лица, запленета е дрога, оружје и муниција

Горан Наумовски