На 59-годишнината од земјотресот, Гаревски им даде нова можност на скопјани да опишат што преживеале

Од:

По повод 59 – годишнината од земјотресот, Институтот за сеизмички отпорни градби и климатски промени (ИСОГКП)  на скопјани им даде нова можност да го опишат она што го почувствувале, го преживеале или пак нивните блиски им го раскажале за земјотресот од 1963 година. Првпат ваква можност новоформираниот Институт им даде на сите жители на Македонија во февруари годинава, кога ја објави анкетата за скопскиот земјотресот, заедно со анкетата за битолскиот земјотрес од почетокот на годинава.

„По повод годишнината од скопскиот катастрофален земјотрес од 1963 година, ИСОГКП реши да ја обнови кампањата за пополнување на прашалникот. Институтот смета дека сѐ уште има голем број сведоци на овој настан чиишто податоци би биле корисни за идните генерации. Затоа би ги замолиле сите оние кои го преживеале земјотресот или им е раскажано, а досега не го пополниле прашалникот, да земат учество во оваа анкета и да дадат придонес во граѓанската сеизмологија“, вели професорот Михаил Гаревски, директор на ИСОГКП.

Целта на анкетата е првпат да се соберат искуства од земјотресот, да се документираат и од нив да се извлече податок во колкава мера населението е спремно да се заштити од идни земјотреси како и да се утврди дали се потребни масовни обуки и вежби за граѓаните.

„Техниката поаѓа од претпоставката дека меморијата на луѓето кои ги преживеале катастрофалните земјотреси никогаш не се брише. За скопскиот земјотрес беа подготвени 35 прашања преку кои се добија некои додатни сознанија за карактеристиките на движењето на тлото и за силината на земјотресот кои не беа доволно нагласени досега. За скопскиот земјотрес во ниту еден труд, во литературата и весниците никогаш не се спомна дека практично станува збор за два многу силни земјотреса кои се случиле едноподруго за многу краток временски период. Од одговорите на граѓаните со сигурност се заклучува дека постоеле два разурнувачи земјотреси кои се случиле еден по друг  со временско растојание од 4 до 7 минути“, вели професорот Гаревски.

Резултатите по однос на однесувањето и психолошка состојба на граѓаните Гаревски очекува да бидат обработени до крајот на 2022 година.

Анкетата за скопскиот земјотрес, заедно со онаа за битолскиот е достапна на веб страницата на Институтот како и на нивната „Фејсбук“ страница. Двете анкети ќе бидат отворени за граѓаните до крајот на годината.

 

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Земјотрес почувствуван утрово во Дојран

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Сеизмолошка опрерваторија: Регистриран земјотрес од 2.8 степени по Рихтер

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

Силен земјотрес го погоди Чиле