Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија на 435 лица им се издадени решенија за изолација, а 75 лица потпишале изјави за самоизолација, информира Министерството за внатрешни работи.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и евидентирани се осум лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.
Исто така, по однос на мерката за не носење лична заштита на лице МВР регистрирало 641 прекршоци.