На 300 кавадарчани им беше измерен крвен притисок и шеќер во крвта

Од:

Здружението на медицински сестри при ЈЗУ Општа болница Кавадарци, денеска во центарот на градот организираше мерење на крвен притисок и шеќер во крвта.

Настанот беше по повод меѓународната Недела на медицинските сестри. За четири часа, околу 300 луѓе дојдоа да го проверат своето здравје.

Нада Андрева, претседател на Здружението, изјави дека во преден план им е здравјето на кавадарчани.

– Имаме доста високи вредности на крвен притисок и шеќер во крвта. Ги упатуваме нашите граѓани да се јават на лекар, да си ги средат тие вредности. Оваа акција ни е едноставно превентива, се во интерес на здравјето на нашите граѓани, нагласи Андрева, дипломирана сестра во кавадаречката болница.

Таа додаде дека тие се тука да им дадат совет на граѓаните, затоа што некогаш и добриот збор од страна на медицинските сестри е најдобар лек.

– Медицинската сестра е главна алка во сите медицински сегменти. Почнувајќи од превентива, па се до најкомплексните медицински постапки. Ние медицинските сестри, без разлика на условите во кои работиме и нашата финансиска надокнада, најпрофесионално си ја извршуваме работата, рече Андрева.

Целата акција е во согласност со меѓународните активности на овој план, под мотото на интернационалниот Совет на сестрите оваа година, кое гласи „Медицинската сестра, гласот што води, здравјето е човеково право”.

Неделата на медицинските сестри се одбележува од 5 до 12 мај.

Би можело да ве интересира

Учителка од Кавадарци шпионирала колешка кај директорката на училиштето

Обвинение за кавадарчанец кој со тесла си го уби братот на негов роденден, тајно го закопа и се обиде да го прикрие убиството

Насилници од Кавадарци претепаа брачен пар, па им го демолираа и домот

Горан Наумовски

Пијан кавадарчанец престигнал седум возила што биле застанати на црвено

Горан Наумовски

„Камен“ пијан кавадарчанец возел „застава 101“ и учествувал во сообраќајка

Горан Наумовски

Момче од Кавадарци е осомничено за вонбрачен живот со малолетничка