На 22. ноември се отвора Синеплекс во „Скопје Сити Мол”

Од:

Отворањето на новото кино Синеплекс во рамки на „Скопје Сити Мол”, ќе се случи на 22 ноември со двојната премиера на 3Д авантурата „Животот на Пи” и новиот Џеjмс Бонд филм „Небесен пад”.

„Наша цел е да им овозможиме уникатно доживување на посетителите на нашите кина во Македонија, што ќе ги врати луѓето во кината. Oва ќе го постигнеме преку фактот што користиме најнови технологии за дигитална проекција, овозможувајќи совршен комфор на седиштата во салите и донесувајќи ги најновите блокбастери”, вели Кристијан Лангхамер, генералниот директор на Cineplexx International.

Деветте сали, кои се дел од „Скопје Сити Мол”, се опремени со фасцинантна опрема и 3Д технологија, овозможена од „Реал Д” и ги имаат најголемите екрани во Македонија. Сите сали имаат суперкомфорни седишта поставени во тн. стадионско седење. Најголемиот екран има димензии 14×7,6 метри и е поставен во најголемата сала со капацитет од повеќе од 300 гледачи. Вкупниот капацитет на салите е поголем од 1.400.

„Cineplexx ќе биде првата компанија во Македонија што воспоставува систем за онлајн резервации во своите кина, давајќи ѝ тотална флексибилност на публиката да резервира преку веб сајтот на киното”, вели Игор Станковиќ, сопственик на MCF Films и генерален директор на Cineplexx Macedonia.

Cineplexx International LTT е австриска семејна компанија со долга традиција. Мрежата на Cineplexx, која се состои од 42 кина, се протега во Австрија, Хрватска, Србија, Словенија, Црна Гора, Италија и Македонија, и има вкупно 271 сала со повеќе од 53.000 седишта.

На вечерта на отворањето на Cineplexx билетарите за публиката ќе бидат отворени во 20:45 часот, а сите проекции почнуваат во 21:30 часот за што ќе се нуди специјална цена на вечерта во износ од 90 денари.

Би можело да ве интересира

Шукова од Кисела Вода: Имаме решенија загадувањето да не биде зимска судбина за Скопје

Влен: Синоќа Скопјe беше трансформирано во центар на албанското единство

Горан Наумовски

Во недела ќе биде осветен Храмот „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје

„Орце за 72 часа ќе направи генералка во Скопје, а потоа ќе следи одговорност“, вели Мицкоски

Ѓорѓиевски најави пошумување на Скопје, како и 50 мали маалски паркови

Горан Наумовски

Мицкоски: Скопје денес е загубен во дневната политика, а жртва се граѓаните