На 22 јануари продолжува судскиот процес за „Еразмус“

Од:

Во кривичниот суд на 22 јануари продолжува судскиот процес за предметот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, познат како „Еразмус“, потврдија за „Макфакс“ од Основниот суд Скопје 1.

Aдвокатот, Јован Јоанидис, кој застапува дел од обвинетите рече дека предметот е во доказна постапка. Адвокатите лани побарале, но не добиле изземање на судиите Љубинка Башеска и Ивица Стефановски. Тие како членови на кривичниот совет, веќе еднаш решавале по жалба на второобвинетиот Драге Јанев и притоа донеле решение со кое ја потврдиле одлуката на судија на претходна постапка.

Од Обвинителството за „Макфакс“ само кратко потврдија дека во октомври 2016 година до судот поднесе обвинение против шест лица, меѓу кои поранешниот декан Бобек Шуклев, кои се обвинети дека во повеќе наврати во подолг временски период, односно во текот на 2015 и 2016 година како вработени на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, искористувајќи ја својата положба сториле кривични дела примање поткуп, примање награда за противзаконито влијание, злоупотреба на службената положба и овластување и давање поткуп.

В. М.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манасиевски: Фризерница во време на Заев, добива проекти за медиумска писменост преку Еразмус +, вредни над 270 илјади евра

(ВИДЕО) Манасиевски: 205 илјади евра од Еразмус + со СДС завршија кај брат на нивен пратеник за дресирање магариња и правење сирење

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+

СДСМ: Злоупотребите на милиони евра од Еразмус+ водат директно до ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Милионските вмровски шеми во Еразмус+ мора да бидат расчистени и да следи одговорност

(ВИДЕО) Манасков: СДСМ со нови детали за скандалот со директорката – Кој стои зад вмровските шеми во Еразмус+?