На 16 и 17 јуни година ќе се изврши прскање против комарци (аеросолна адултицидна дезинсекција), соопшти денеска Министерството за транспорт и врски.
Прскањето против комарци ќе се спроведе на шест локации утврдени како приоритетни од страна на Министерството за транспорт и врски во соработка со Министерството за здравство. Локациите се утврдени според нивото на посетеност за време туристичката сезона.
На 16 куни ќе се спроведе прскање во општините Охрид, Дојран и Ресен, а на 17 во општините Крушево, Берово и Чешиново-Облешево.
Дезинсекцијата во текот на следната седмица ќе биде извршена на вкупна површина од 6.000 хектари по воздушен пат.