МЗЗПР: На секој што на работното место се заразил од Ковид-19 да му биде исплатена цела плата

Од:

Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) достави предлог текст до Владата со кој бара на секој заразен работник на работното место со коронавирусот да му следува целосен надоместок од плата во износ од 100 проценти.

„Со усвојувањето на ваква Уредба од страна на Владата целосно ќе се испочитуваправото на еднаквост на граѓаните, без разлика на вера, нација, конфесија и пред сé работата која ја работат. Истовремено, земајќи ги предвид актуелните случаи на зараза со новиот коронавирус на работните места, на сите работодавачи ќе им биде отстранета недоумицата и ќе им бидат дадени јасни насоки и упатства како да
постапат во случај кога нивен вработен е дијагностициран со САРС-КоВ-2 или, пак, ја развил болеста Ковид-19“, велат од МЗЗПР.

Досега, на сите вработени кои пријавуваат отсуство од работното место поради Ковид-19, Фондот за здравствено осигурување им исплаќа 70 проценти од платата, исто како за редовно боледување.

Според МЗЗПР, со усвојувањето на еден ваков правен акт, ќе може да се оствари правото на боледување како последица на несреќен случај, односно заразувањето со корона вирусот ќе биде признаено како професионално заболување на секој работник кој работел на работно место каде постои потенцијална можност за изложеност на САРС КоВ-2.

Со ваквиот пристап и регулација, посочуваат од МЗЗПР, правото ќе може да се оствари и доколку вработениот бил во самоизолација како резултат на контакт со потврден случај на заболен со коронвирусот на работното место.

Здружението очекува да биде усвоена оваа уредба на првата наредна седница на Владата.

На 14 мај МЗЗПР побара од надлежните институции да биде признаено професионалното заболување КОВИД-19 за сите работни места и усогласено во Правилникот за листата на професионални болести.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска