МЗМП: Општина Кавадарци пример за борба против дискриминација на лицата со попреченост

Од:

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) ја поздравува брзата и совесна реакција на Општина Кавадарци и ја зема за пример во борбата против дискриминација на лицата со телесна попреченост.

Како што информира МЗМП, на 1 декември минатата година адвокатот Диме Ѓорчевски од Скопје, поднел тужба до Основниот суд Кавадарци против Општина Кавадарци, за утврдување дискриминација на лице со телесна попреченост во областа на пристап до добра и услуги, поради пропуст да се преземе дејство за прилагодување на инфраструктурата и просторот и обезбедување на пристап до добра и услуги на тужителката како лице со телесна попреченост.

Веднаш по добивањето на тужбата, Општина Кавадарци го контактирала адвокатот за вонсудско решавање на спорот.

На 20 декември 2017 полномошниците на странките до судот доставиле заеднички поднесок со кој го известиле дека странките постигнале согласност постапката да биде прекината.

Во меѓувреме, Општина Кавадарци ги презела сите неопходни мерки за отстранување на повредата на правото и ја прилагодила инфраструктурата и просторот на ул. „Лазо Асијата” согласно техничките стандарди, за на тужителката како лице со посебни потреби и се обезбеди пристап до нејзиниот дом. Откако Општина Кавадарци ги извршила сите прилагодувања, адвокатот на тужителот ја повлекол тужбата. Тужителката и нејзиното семејство се благодарни за соработката со општината.

Би можело да ве интересира

Кавадарци одбележува осум децении постоење на Градската библиотека „Феткин“, најстарата културна институција во градот

А1он

Храбра акција: Кавадаречки пожарникари спасија куче од Луда Мара

Горан Наумовски

Илија Панов е осуден на 16 години затвор за убиство на партнерката Сузана

Газда на фирма од кавадаречко преку хакиран е-мајл измамен за 80.000 денари

А1он

Во Кавадарци полицијата уапси пијан млад возач, МВР против него најави пријава

Учителка од Кавадарци шпионирала колешка кај директорката на училиштето