МЖ-Транспорт: Вложуваме максимални напори за нормално одвивање на сообраќајот

Од:

Македонски железници – Транспорт денеска преку соопштение информира дека вложува максимални напори за нормално одвивање на железничниот сообраќај во услови на екстремно ниски температури.

– Работиме во екстремно тешки услови и се трудиме во границите на нашите можности, а и повеќе од тоа, да го одржиме редовниот железнички сообраќај за разлика од нашите авто-патишта и останати сообраќајници во Републикава. На вака екстремно ниски температури откажуваат влечните средства, вагоните замрзнуваат, скретниците замрзнуваат, пукаат шини, пукаат цевки, има завеани колосеци, завеани пруги и слично, наведува Македонски железници – Транспорт.

Оттаму им се извинуваат на патниците и истакнуваат дека прават максимални напори за непречено одвивање на железничкиот сообраќај.

Би можело да ве интересира

На Oртопедија кај две деца изведени трансплантации на коска од починат донор

А1он

Бојкот на машинскиот персонал, железничкиот сообраќај е во прекин

Активирана фаза 3 од акцискиот план за топлотни бранови – МЗ апелира институциите, работодавачите и граѓаните да постапуваат одговорно

А1он

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска