МЗ: Заштитната маска, дистанцата и хигиената на раце се клучни во борбата со Ковид-19

Од:

Министерството за здравство повторно упатува апел до сите граѓани за почитување на мерките за заштита од коронавирусот.

Носењето на заштитна маска, одржувањето на физичка дистанца и миењето на раце – одржување на хигиена се единствените мерки кои може да го стопираат ширењето на вирусот. Тие се клучни во борбата со Ковид-19, велат од Министерството.

Вчера, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче истакна дека Законот за заштита од заразни болести веќе е во собраниска процедура и со амандманска интервенција ќе има можност веќе следната недела да се интервенира. Тој очекува измените во законот да се носат по скратена постапка, да се донесат новите мерки со цел спречување на ширењето на ковид-19.

Насекаде во светот, во Европа и во нашата држава бројот на новозаболени од Ковид-19 расте. Ризикот кој го носи есента е сериозен аларм дека мора доследно и во целост да се почитуваат универзалните мерки за заштита на индивидуалното и јавното здравје, уште повеќе заради тоа што временските услови се менуваат, а граѓаните почнуваат се повеќе да функционираат во затворени простории.

Во моментов, единствениот начин за заштита од вирусот, насекаде во светот не само кај нас, е заштитна маска, потребното физичко растојание и редовна и темелна хигиена на рацете, се додава во соопштението на МЗ.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска