МЗ: ВМРО-ДПМНЕ лаже, во лабораториите има и тестови и реагенси за Ковид-19

Од:

Министерството за здравство ги осудува, како што вели, „лагите кои ги пласира партијата ВМРО-ДПМНЕ“ и ја повикува опозицијата да престане да шири паника во јавноста и вознемиреност кај граѓаните.

– Апсолутна лага е дека државните лаборатории немаат реагенси за ПЦР тестови. Апсолутна лага е дека се чека за термин за тестирање. Во земјава дневно може да се прават 4-5000 тестови за Ковид 19 и сите закажувања се реализираат тековно, а резултатите се објавуваат за најмногу 24 часа, реагира Министерството за здравство на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во време на пандемија, ВМРО-ДПМНЕ одлучи да биде на страна на лагата, секојдневно да креира лажни сценарија дека во болниците нема кислород, дека здравствените работници на знаат да лекуваат па затоа смртноста е голема, како што тврдат тие. ВМРО-ДПМНЕ во време на пандемија одлучи да го опструира процесот на набавка на вакцини, пласирајќи во јавноста фалсификувани документи со невистинити суми лажејќи дека вакцини се набавуваат со провизии. За ВМРО-ДПМНЕ „небитни“ се луѓето кои се вакцинираат против Ковид-19. Тажно е што и од процесот на имунизација на возрасните граѓани, вработените во критичната инфраструктура, здравствените работници ВМРО-ДПМНЕ сака политички да профитира“, се наведува во реакцијата на МЗ.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

Орце Костов

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска