МЗ: Вчера се аплицирани 12.606 вакцини

Од:

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а во моментов пријавени преку веб платформата vakcinacija.mk се над 256.346 граѓани, информира Министерство за здравство.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 84.312 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 10.135 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.606 граѓани. Во државата вкупно вакцина и ревакцина примиле 104.962 граѓани, а две дози примиле 20.650 граѓани. Со последните бројки 28% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, соопштува МЗ.

Како што се наведува во соопштението на Министерството, вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација.

Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура.

Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортсите сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и Охрид.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски