МЗ: Успешна реплантација на подлактица кај пациент на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија

Од:

На Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија успешно е направена реплантација на десна подлактица, кај пациент кој си ја отсекол подлактицата при работа со моторна пила.

-Реплантацијата на горен екстремитет е една од најкомплексните хируршки интервенции која вклучува остеосинтеза на коските, реваскуларизација-анастомиоза на артерии и на вени, реконструкција на нервите и на мускуло-тетивниот апарат и реконструкција на мекоткивната покривка. Пациентот беше самоповреден со моторна пила, примен на Клиниката за пластична хириргија во хеморагичен шок неколку часа по повредата. Веднаш по приемот се организираше тимот и се направи хируршката интервенција бидејки кај овој тип на операции има мал временски прозорец за интервенција (до 6 часа од повреда), се вели во соопштението од Министерството за здравство.

Пациентот, се посочува, бил примен со ампутирана десна рака, а денеска од Клиниката го испраќаат среќен и задоволен дома со две раце.

-Чувството кога пациентот ќе ти ја подаде раката да се збогувате е бесценето. Тимската работа и посветеноста на персоналот секогаш дава успешни резултати. Оваа соработка ќе ја продолжиме и понатаму, се нагласува во соопштението.

Оваа комплексна интервенција била изведена од тим хирурзи и анестезиолози: Од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија: Доц.д-р Софија Пејкова, Д-р Бисера Николовска, Д-р Гордана Георгиева, Од Универзитетската клиника за кардиохиругија: Д-р Мишел Андов, Од Универзитетската клиника за трауматологија Д-р Игор Мерџановски, од Универзитетската клиника за анестезија реанимација и интензивно лекување Д-р Јасна Бушиноска. Исто така, тимот бил во постојана комуникација со Проф. Д-р Оскар Азман, пластичен хирург од Медицинскиот универзитет во Виена и визитинг професор на Медицински факултет од Скопје.

Предмалку министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил објави дека го посетил пациентот на Клиниката.

-Утрово на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија го посетив 54-годишниот Џафер Алија, на кој му беше реплантирана десната рака. Пред месец ипол Џафер се самоповредил, си ја отсекол десната подлактица, работејќи со моторна пила и на Клиниката бил примен во тешка состојба. Сега пациентот се чуствува добро, неизмерна е неговата радост што десната рака повторно може да ја користи. Ваков вид операција на Клиниката нема направено изминативе триесетина години, за успехот им честитам на моите колеги лекари и целиот медицински тим, напиша Филипче.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

Орце Костов

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска