МЗ: Зголемен бројот на пациенти со мултипла склероза кои се на третман со иновативна терапија

Од:

Министерството за здравство, денеска соопшти дека во соработка со граѓанските здруженија посветено работи за унапредување на грижата за пациентите со мултипла склероза.

-Во 2019 година повеќекратко е зголемен бројот на пациенти кои се на третман со иновативната терапија Ocrelizumab, и тоа од девет пациенти кои минатата година беа на третман со оваа терапија, сега истата ја примаат вкупно 43 пациенти со оваа дијагноза. Лековите за мултипла склероза се достапни за сè поголем број пациенти. Моментално се лекуваат 534 пациенти што е зголемување за 47 отсто наспроти пред две години (362). Исто така за 263 отсто е зголемена и достапноста на високоефикасните лекови за истиот период, 109 наспроти 30 пациенти, наведуваат од Министерството за здравство.

Со примањето на иновативните лекови,како што додаваат, може да се контролира прогресијата на болеста, а првпат во јавното здравство обезбедена е и посебна просторија каде овие пациенти со соодветен медицински надзор ја примаат инфузионата терапија.

Мултипла склероза (МС) е една од најчестите невролошки нарушувања и причини за инвалидитет кај младите возрасни лица. Тоа е хронична, прогресивна, имунолошки посредувана, воспалителна и дегенеративна болест на централниот нервен систем.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

Орце Костов

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска