МЗ: Се подобруваат условите на Клиниката за нефрологија – реновирањата во завршна фаза

Од:

Од Универзитетска клиника за нефрологија информираат дека привршуваат активностите со кои се реновираат оддели и се менува медицинскиот и немедицински инвентар во оваа јавно здравствена установа, соопштува Министерство за здравство.

– Станува збор за комплетно реновирање на првиот кат на клиниката, каде се сместени одделите за интензивна нега, одделот за трансплантација, како и одделот за акутна и хронична дијализа и хируршка сала за обезбедување васкуларни пристапи за хемодијализа, артеро-венски фистули, катетри и слично. Со реконструкцијата е предвидена комплетна промена на изгледот, која опфаќа инфраструктура, нови тоалети и санитарии и целосна промена на инвентарот, вели Министерство за здравство.

Се обезбедуваат и нови болнички кревети и помошен немедицински мебел. Воедно е направена и комплетна замена на инвентарот во работните простории на медицинскиот персонал, се додава во соопштението на МЗ.

Би можело да ве интересира

На Oртопедија кај две деца изведени трансплантации на коска од починат донор

А1он

Бојкот на машинскиот персонал, железничкиот сообраќај е во прекин

Активирана фаза 3 од акцискиот план за топлотни бранови – МЗ апелира институциите, работодавачите и граѓаните да постапуваат одговорно

А1он

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска