МЗ: Постапено по сите медицински протоколи кај тројката починати новороденчиња

Од:

Комисијата за стручен надзор, во врска со трите починати новороденчиња на Клиниката за гинекологија и акушерство, констатирала дека е постапено во согласност со предвидените медицински протоколи и оти станува збор за високоризична, повеќеплодна бременост.

– Комисијата констатира дека се работи за високоризична, повеќеплодна бременост, проследена со инсулинозависен гестациски дијабет, хипертензија и инфект кај мајката, што доведе до предвремено раѓање на новороденчиња со ниска гестациска возраст (помала од 28 гестациска недела) и мала родилна тежина (под 1000 грама). Сите овие ризик фактори го отежнуваат преживувањето на новородените деца и ја зголемуваат стапката на морбидитет и морталитет кај истите, соопшти Министерството за здравство.

Врз основа на разгледаната медицинска документација и разговорите со здравствените работници, Комисијата констатирала дека е постапено во согласност со предвидените медицински протоколи за следење високоризична бременост, соодветен третман пред породувањето, правилна индикација за оперативно завршување на предвремено започнато породување, запазени анестезиолошки процедури, успешно спроведена примарна стабилизација на новородените во операциона сала, како и соодветно спроведена постнатална интензивна нега и терапија.

Би можело да ве интересира

Клековски: Дополнителната работа на лекарите вработени во јавното здравство не треба да е хаотична, анархична и со можности за злоупотреби

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски