Филипче се премисли: Нема промена на полот на државна сметка

Од:

Министерството за здравство информира дека оперативен зафат за промена на полот нема да постои на сметка на Фондот за здравствено осигурување и таков зафат нема да се изведува во јавна здравствена установа.

Спроведувањето на оперативни зафати од страна на експертот Мирослав Ѓорѓевиќ значи опфаќање на голем број на уролошки операции за заштита на здравјето на децата, кои до сега беа принудувани да патуваат во странство за нивно спроведување.Со овој ангажман на врвен експерт ќе успееме да заштедиме средства што досега беа одвојувани од Фондот за операциите во странство, се вели во соопштението на Министерството.

Политика на Министерството за здравство, како што велат, е што повеќе услуги да бидат достапни за граѓаните во Северна Македонија и да се намали потребата од патување во странство и секако да се спроведат повисоки стандарди во медицинските установи во државата, преку ангажирање на експерти кои ќе го пренесат своето знаење на македонските доктори.

Би можело да ве интересира

Активирана фаза 3 од акцискиот план за топлотни бранови – МЗ апелира институциите, работодавачите и граѓаните да постапуваат одговорно

А1он

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска