МЗ: Огласот е распишан по постојната систематизација, свесни сме дека не е соодветна

Од:

„Министерството за здравство ја информира јавноста дека посочениот оглас во неколку медиуми, на кој се бара државен советник за здравствен менаџмент и здравствена политика, е завршен. Потенцираме дека единствениот кандидат кој ги исполнувал сите услови е дипломиран економист.

А дополнително има и соодветни едукации, кои се совпаѓаат со условите кои треба да бидат исполнети за таа позиција. Целта на Министерството за здравство е на вакви значајни позиции да се изберат најдобри и најквалитетни кандидати.

Во исто време, сакаме да потенцираме дека огласот е распишан по постојната систематизација, која за жал, свесни сме дека не е соодветна. Веднаш е почната постапка за нејзино менување, со цел во иднина да не се повторуваат вакви или слични огласи“, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем

Мицкоски: Не може да се пишуваат дежурства од 31 ден во февруари со 24 часа работни, а да очекуваме вложувања во здравството

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува