МЗ: Од денеска пријавување за вакцинација против сезонски грип

Од:

Министерството за здравство (МЗ) информира дека од денеска преку страницата vakcinacija.mk почнува пријавувањето за вакцинација од сезонски грип и нагласува дека и оваа година набави 40.000 бесплатни дози четиритипни вакцини против сезонски грип за ризичните групи.

Овие вакцини, како што посочуваат, ќе можат да ги добијат стари лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени и децата на возраст од 6 месеци до 5 години.

-Веќе трета година по ред вакцината за овие групи граѓани е бесплатна. Поради зголемената побарувачка на вакцини против грип на глобално ниво, се прават напори количините на вакцини да пристигнат во што побрз рок. Нагласуваме дека не е доцна, граѓаните да се вакцинираат против грип во ноември или декември, бидејќи согласно епидемиолошките податоци, оваа болест во последните десетина сезони го достигнува пикот кон крајот на месец февруари, истакнуваат од Министерството за здравство  и додаваат дека пријавувањето за вакцинација против сезонски грип ќе започне од денеска преку страницата vakcinacija.mk.

Со пополнување на формата, прецизираат од МЗ, заинтересираните се регистрираат за вакцинација директно во системот Мој Термин. Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, по пат на СМС ќе добијат информација за точниот датум и час кога треба да се вакцинираат на пунктот кој ќе го изберат при регистрацијата.

-Вакциницијата против грип не штити од Ковид 19, но е многу значајна во услови на пандемија со Ковид 19 и влијанието на здравствениот систем. Во состојба на олабавување на рестриктивните мерки кога се враќаат социјалните контакти и патувањата се зголемува ризикот од ко-циркулација на Ковид 19 и грип. Со тоа може да очекуваме оптоварувањето од сезонскиот грип да биде надополнето со оптоварувањето од Ковид 19. Ризичните групи за грип, се истите кои се под најголем ризик и од Ковид 19, поради што им се препорачува вакцинација против грип. На тој начин ќе се избегне и дополнително оптоварување на здравствениот систем, бидејќи лицата заболени од грип би се хоспитализирале во ковид центрите, посочуваат од Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

ИЈЗ: Се намалува бројот на заболени од грип, досега починале 14 лица

Горан Наумовски

Намалување на бројот на заболени од грип

Регионот се бори со голема кашлица, во земјава веќе има седум случаи

Грипот зема замав, уште еден починат

Катерина Ѓуровски

Десетина пациенти со грип на Инфективна, една пациентка со потешка состојба на Пулмологија

Горан Наумовски

За 15,3 отсто повеќе заболени од грип во споредба со претходната недела