МЗ: Нема да дозволиме со лаги и манипулации ВМРО-ДПМНЕ да го нарушува јавното здравство

Од:

Министерството за здравство најостро ги демантира невистините на ВМРО-ДПМНЕ, да престанат да лажат и да ја злоупотребуваат јавноста.

„Нема да дозволиме со лаги да ја манипулираат јавноста и со тоа да го нарушуваат јавното здравство.

Внуката на министерот Филипче е вакцинирана во амбулантата Идадија -МлинБалкан со вакцина ДиТеПер, онаа која и следуваше согласно вакциналниот календар. Објавата од вакцинацијата на неговата внука е само личен пример со кои ги охрабруваме граѓаните да не се плашат од вакцинација и да докажеме дека вакцините за сите деца се безбедни.

Ги повикуваме сите родителите чии деца не се вакцинирани да ги вакцинираат. Вакцините се комплетно безбедни, со проверен рок и од европски производител.

Вакцинацијата е придобивка на современата медицина. Нашата одговорност се граѓаните и секојдневно се грижиме за нив.

Затекнавме здравствен систем кој е пеплосан од злоупотреби цели 11 години, немотивиран здравствен кадар, лекови од непознати производители и сомнителен квалитет, донесени со паралелен увоз. Затекнавме 15 илјади невакцинирани деца со МРП вакцината и тоа само во Скопје. Затекнавме комплетно изгубена доверба на родителите и во квалитетот на вакцините и во здравствениот систем кој беше во тотален хаос“, се вели во реакцијата на Министерството за здравство на изјавите од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните