МЗ: Направивме рекордно зголемување на платите на здравствените работници, продолжуваме да инвестираме во човечкиот капитал

Од:

Квалификуван и мотивиран медицински кадар е еден од основните предуслови за квалитетно здравство. Во изминатиот период направени се сериозни вложувања во човечкиот капитал, пишува во соопштениeто на Министерството за здравство.

За период од две години, дадени се повеќе од 5000 согласности за вработувања во јавното здравство. За најмалку 10% е зголемен капацитетот со човечки капитал во секоја јавно-здравствена установа.

Направено е рекордно зголемување на платите. Основната плата на лекарот специјалист е зголемена за 40%, на медицинските сестри до 23%, на општите лекари 25% и 15% на останатите здравствени соработници, заклучно со февруари 2020 година.

За 15% е зголемен капитациониот бод на матичните лекари од општа пракса, педијатрија, гинекологија и стоматологија, а на терциерно ниво се одобрија повеќе од 1000 специјализации и супспецијализации.

За првпат, приватните специјализанти се платени за својот труд во висина од просечна плата на општ лекар. Додека пак, приватните специјализанти – доктори на медицина од конкурсот 2019 ќе бидат платени за својата работа од февруари 2020 година. Постигнат е договор и со кофинансираните специјализанти, со што се пристапува кон измена на Законот за здравствена заштита, согласно нивните барања.

Со сите овие мерки, не само што се зајакнуваат професионалните капацитети на здравствените работници, туку се овозможуваат услови за нивна работа дома и можност тие својата иднина и кариера да ја гледаат во македонското јавно здравство.

Министерството за здравство и во 2020 година продолжува да инвестира во човечкиот капитал, затоа што само со мотивирани здравствени работници ќе има и задоволни пациенти, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Пациенитет од денеска можат да ја гледаат листата на чекање за хируршки интевенции

Министерството за здравство истражува дали имало дозволи за транспортот на мозоци во САД

Катерина Ѓуровски

МЗ за мозочните примероци: Немаме директни надлежности во спроведувањето на научно-истражувачката дејност

Горан Наумовски

Министерството за здравство ги објави имињата на експертите од странската комисија за истражување кардиолошки и кардиохируршки операции

MЗ: Предлог-законот за заштита од пушење не уредува дали некој ќе пуши, туку определува каде тоа не смее да се практикува

А1он

За смртта на новороденчето на гинекологија, Министерството за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор

Катерина Ѓуровски