МЗ: Најсовремени медицински апарати на располагање за ковид центрите

Од:

Министерството за здравство соопшти дека во рамките на проектот за итно справување со кризата предизвикана од Ковид-19, кој е финансиран од заемот од Светска банка, набавени се најсовремени медицински апарати.

Во текот на вчерашниот ден, како што се посочува, започна испораката и инсталација на апаратите и тие се веќе инсталирани во Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле, Штип, Струмица, Куманово и Гевгелија, а во текот на следните денови ќе бидат опфатени и сите останати установи во согласност со набавката на медицинската опрема.

Се работи за 17 ултразвучни уреди и 17 мобилни рентген апарати кои обезбедуваат современа и модернизирана технологија на располагање на здравствените работници за вршење детекција, дијагноза и третман на пациентите заболени од вирусот, како и за останати заболувања. Иновативните технологии на уредите е предвидено да овозможуваат поголема резолуција, да имаат напредни процесори за пренос и прием на сигнали, како и високочувствително и прецизно дијагностицирање преку ехо системот. Сите овие параметри, значително го подобруваат дијагностичкото искуство. Моторизираниот дигитален систем за снимање на Х-зраци со интелегентна подвижност, како и бионичкиот манипулатор кој создава најширок опсег на покриеност, ги задоволува посакуваните параметри во иновативното клиничко опкружување, информираат од Министерството.

Постојаното вложување во здравствениот систем, детектирајќи ги потребите на пациентите преку обезбедување на апаратура со врвен квалитет, лесно адаптибилни и преносливи уреди е уште еден показател за остварувањето на нашиот стремеж кон модернизирани, современи и достапни здравствени услуги за сите граѓани на нашата држава. Со поставување на ковид – центрите се овозможи двојно зголемување на постојниот болнички капацитет, обезбедени се дополнителни 10.000 м2 кои беа ставени на располагање и дополнителни 624 болнички легла во тек на пандемијата, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

Орце Костов

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска