МЗ: На Клиниката за хематологија за прв пат изведена афереза на периферни матични клетки кај дете

Од:

Министерството за здравство соопшти дека на Универзитетската Клиника за хематологија, во соработка со Универзитетската Клиника за детски болести денеска се реализира и афереза на периферни матични клетки кај деветгодишно дете, ХЛА ДНК идентичен донор на матични клетки за сестра која боледува од акутна леукемија и на која и е потребен третман со трансплантација на матични клетки.

Со оваа соработка, како што се посочува, се отвора можност и педијатриски пациенти и донори да бидат лекувани со овие најсофистицирани медицински интервенции.

– Во тек на оваа недела на ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија се реализираше меѓународна едукација за клеточна сепарација (афереза) и колекција на периферни матични хематопоетски клетки, донорски лимфоцити и плазмафереза, методи кои ќе се користат во третман на болните со малигни и немалигни хематолошки заболувања. Едукацијата ќе ја реализираат лекари специјалисти од Клиниката за хематологија и Клиниката за детски болести со помош на странски експерт. Ова е втора меѓународно акредитирана едукација која се спроведе на клиниката во изминатиот период со цел да се воведат нови тераписки методи кои претходно не се изведувале на клиниката. Екстракорпорална фотофереза, афереза на периферни матични клетки кај адултни и педијатриски болни и донори, колекција на донорски лимфоцити и плазмафереза се процедури кои се применуваат во трансплантационата хематологија за третман на малигните хематолошки заболувања или компликациите по трансплантација како што се акутен и хроничен тип на графт верзус домаќин болест, информираат од Министерството.

Клиниката за хематологија со воведување на новите тераписки процедури, како што се наглсува, ќе стане еминентен трансплантациски центар, по примерот на европските центри за трансплантација на хематопоетски матични клетки, во кој ќе се изведуваат сите процедури врзани за мобилизација, колекција, одредување на квалитетот на графтовите и бројот на ЦД34+ клетки, обработка и криопрезервација на алогените и автологни графтови на матични клетки и следење на имунолошкото опоравување по трансплантација преку одредување на лимфоцитни субпопулации со проточен цитометар.

На Клиниката во период од три години се реализирани над 150 трансплантации, од кои шест хаплоидентични трансплантации, 20 трансплантации од несроден донор, најсложени интервенции заради кои во минатото пациентите беа праќани за третман во странски центри. Резултатите од третманот со овие интервенции се идентични со оние од европските центри за трансплантација и се пријавуваат во базата на Европската група за трансплантација на матични клетки (ЕБМТ) во која членува и тимот за трансплантација на клиниката од 2003 година. На 15 септември 2021 година Клиниката ќе го одбележи своето искуство од 21 година со трансплантација на хематопоетски матични клетки и реализирани 615 трансплантациони процедури, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

A1on

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска