МЗ: Коска од починат донор имплантирана на прсти кај 13-годишно дете на Клиниката за ортопедија

Од:

Министерството за здравство попладнево информира за успешна трансплантација на Клиниката за ортопедија, со имплант, односно коска од починат донор, што е имплантирана на два прста кај 13-годишно дете со брахидактилија.

Како што истакнуваат од Министерството, кај нас за првпат е извршен ваков тип трансплантација. Детето, нагласуваат од Министерството, е со уреден постоперативен тек.

Во пишаната изјава на проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација, се наведува дека тие ќе продолжат со уште посилно темпо, заедно со сите чинители, да ја подигнуваат свеста за овој акт на човекољубие.

– Изразувам посебна благодарност и честитки за целиот тим предводен од д-р Даница Поповска и доц. д-р Илир Шабани, како и сите здравствени работници кои учествуваа во оваа трансплантација – д-р Лилјана Ангелеска, д-р Теодора Божиновска, д-р Филип Видоевски, инструментарки Сузана Пејчиновска, Арјета Мемети, анестетичар Менка Дојчиновска, радиолошки технолог Крешник Шеху и гипсер Ирена Галевска, додава Кузмановска во изјавата, објавена на „Фејсбук“.

Би можело да ве интересира

МЗ за мозочните примероци: Немаме директни надлежности во спроведувањето на научно-истражувачката дејност

Горан Наумовски

Прва трансплантација на лице извршена во Шпанија

А1он

Министерството за здравство ги објави имињата на експертите од странската комисија за истражување кардиолошки и кардиохируршки операции

Таткото и донираше бубрег и дел од црниот дроб на својата 7 годишна ќерка – операцијата траеше 18 часа

А1он

MЗ: Предлог-законот за заштита од пушење не уредува дали некој ќе пуши, туку определува каде тоа не смее да се практикува

А1он

За смртта на новороденчето на гинекологија, Министерството за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор

Катерина Ѓуровски