МЗ: Континуирано се обезбедува терапија за пациентите евидентирани во регистарот на лица со ретки болести

Од:

Согласно Програмата за ретки болести континуирано се обезбедува терапија за сите пациенти евидентирани во регистарот на лица со ретки болести, со дијагноза идиопатска пулмонална хипертензија, согласно Европскиот водич за третман и дијагноза на овие пациенти, информираа за МИА од Министерството за здравство.

Од Здружението „Живот со предизвици“, пак, за МИА посочија дека се уште не се обезбедени лекови за пациентите со идиопатска пулмонална фиброза, фамилијална амилоидна полиневропатија и со јувенилен артритис. Од Министерството не појаснија кога ќе се обезбедат лекови за пациентите со фамилијална амилоидна полиневропатија и со јувенилен артритис.

Наведуваат дека годинава значително е зголемен буџетот за програмата за ретки болести и тој изнесува 380 милиони денари. Минатата година, потенцираат, одобрени беа финансиски средства во висина од 224 милиони денари.

Согласно Деловникот за работа и воспоставената процедура, Националната комисија за ретки болести разгледува и одлучува само по поднесени барања од Универзитетска клиника за детски болести и позитивно мислење од страна на стручниот колегиум на клиниката, подносител на барањето при Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје. До овој момент, до Националната комисија за ретки болести не се доставени барања од страна на универзитетските клиники кои се однесуваат за пациенти со идиопатска пулмонална хипертензија, потенцираат од Министерството.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

A1on

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска