МЗ: Има доволно вакцини, вклучувајќи ја и шествалентната Hexaxim

Од:

Министерството за здравство денеска преку соопштение информира дека има доволно количини од сите типови вакцини, вклучувајќи ја и шествалентната Hexaxim.

Во соопштението испратено по пишувањата во одредени медиуми дека има наводен недостаток на вакцини се посочува дека во моментот Министерството за здравство располага со вкупно 16.600 дози од вакцината Hexaxim, кои им се на располагање на сите здравствени домови и поликлиники, вклучувајќи ја и поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје.

– Динамиката на дистрибуцијата во здравствените установи се одвива на квартално ниво, согласно претходно испратено барање од страна на установите. Исто така постои можност секој квартал да се надополни со вонредно барање од страна на здравствените установи, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

A1on

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска