• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

МЗ: Европската недела на имунизација со порака-вакцинацијата спасува живот

by А1он22/04/2020 - 11:30258
Share0

Европската недела на имунизација ја промовира основната порака – имунизацијата е неопходна за да се спречат болести и да се заштити животот. Достапни се ефективни и безбедни вакцини, кои штитат од голем број сериозни заболувања, а се развиваат и многу нови ветувачки вакцини, соопшти Министерството за здравство.

Добивај вести на вибер

Континуирано, посочуваат од Министерството, преземаме бројни активности за унапредување на веќе успешниот систем за имунизација во државата спроведуван од страна на службите за имунизација во здравствените домови и навремено обезбедуваме вакцини од светски реномирани производители, кои задолжително исполнуваат строги критериуми за квалитет.

Во однос на актуелната ситуација со коронавирусот и континуираното и тековно спроведување на имунизацијата, уште на самиот почеток, Комисијата за заразни болести и Комитетот за имунизација донесе препорака дека вакцинацијата треба/мора да се спроведува континуирано, согласно Календарот за имунизација. Минатата година успешно се справивме со епидемијата на мали сипаници. Со преземањето интензивните мерки со цел заштита на населението од епидемијата, од почетокот до нејзиното одјавувањето се вакцинираа 49.332. Во 21 век, секое дете има право да живее ослободено од болести што можат да се спречат од вакцинирање, но овие болести сè уште претставуваат значителни закани во Европскиот регион. Како резултат на тоа, зајакнувањето на имунизацијата останува клучна активност, потенцираат од Министерството за здравство.

mz

Би можело да ве интересира

На Oртопедија кај две деца изведени трансплантации на коска од починат донор

А1он06/12/2025 - 13:14

Бојкот на машинскиот персонал, железничкиот сообраќај е во прекин

Горан Наумовски01/12/2025 - 16:27

Активирана фаза 3 од акцискиот план за топлотни бранови – МЗ апелира институциите, работодавачите и граѓаните да постапуваат одговорно

А1он24/06/2025 - 17:1124/06/2025 - 17:13

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он12/04/2025 - 14:52

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска30/05/2023 - 13:55

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска26/04/2023 - 13:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен