МЗ: Дали е чесно за иста плата еден да работи а друг не?

Од:

Министерството за здравство реагира на изјавата на Андреј Петров.

„Како резултат на негативната кампања на вашата партија, сакате да постигнете два ефекта. Првиот е политички, кој претпоставува да се генерира негативна политичка перцепција за овој проект. Вториот ефект e да ги заштитите здравствените работници, докторите од имплементацијата на овој проект. Дали е чесно некој доктор да се „отепа“ од работа, да има многу поголем број на пациенти, целото работно време да биде посветен на пациентите и на крајот на месецот да земе иста плата како и оној доктор кој ескивира, не е посветен на пациентите и веќе во 12 часот ја заклучил својата ординација “, стои во реакцијата на Министерството.

„Оној кој работел повеќе од другите да биде награден, а оној кој не работел или работел далеку помалку од другите да биде казнет, а директорот со ништо да не може од политички, лични, пријателски, роднински или кои било други причини некого да повласти или неоправдано да казни. Во исто време системот е така дизајниран доколку, како што се тврди, сите доктори работат подеднакво, сите да земат иста плата, 100 отсто од нивната плата. Сметаме дека ова е чесно и праведно, и за докторите и уште повеќе за пациентите, кои пак ќе бидат директни бенефитори од овој концепт – помалку ќе чекаат пред вратите на ординациите, ќе добијат побрза здравствена услуга“, стои во реакцијата .

Би можело да ве интересира

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните