МЗ: 98% од хоспитализираните со Ковид-19 се невакцинирани

Од:

Во периодот од 6 август до 16 декември на територија на државата како позитивни на Ковид-19 се тестирани 64.963 граѓани, од кои 20.894 или 32 отсто биле целосно вакцинирани, покажува денеска објавената анализа на вакцинирани на Министерството за здравство.

– Според статистика за изминативе недели, 44.069 граѓани, односно 67 отсто од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 98 отсто, додека само 2 проценти од сите моментно хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани, се наведува во анализата, каде се посочува дека за вакцинирани се сметаат лицата кои се примиле две дози вакцини и поминале најмалку 14 дена од примање на втората доза.

Смртноста кај невакцинираните, пак, е драстично поголема.

– Во период од 6.08 до 16.12.2021 на територија на државата починале 2272 лица со Ковид-19, од кои 1790 пациенти не биле вакцинирани, а само 21 отсто примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на Модерна и Џонсон, покажува анализата.

Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, нагласувајќи дека секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна.

– Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2, посочува Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски