МЗ: 81% од моментално хоспитализираните со ковид и 78% од починатите се невакцинирани

Од:

Во период од 6 август 2021 година до 13 јануари 2022 година на територија на државата 85.593 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид-19, од нив 37% биле целосно вакцинирани, односно 32.079 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19. Според статистиката за изминативе месеци, 53.514 граѓани, односно 63% од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани, се наведува во анализата што ја објави Министерството за здравство.

– Според извештаите од болниците моментално се хоспитализирани 340 лица, a од нив 19% се вакцинирани, 81% не се вакцинирани. Изминативе неколку недели, притисокот врз болниците е намален што се однесува до хоспитализациите, но зголемени се амбулантските прегледи, кои се движат и до стотина пациенти на ден, од болница, соопштува МЗ.

– Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6.08.2021 до 13.01.2022 година 78% од починатите лица со ковид, биле невакцинирани, а само 22% примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, се додава во соопштението на МЗ.

Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација.

– Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на SARSKоV2, велат од МЗ.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска