МЗ: 72% од новите случаи и 78% од хоспитализираните, со Ковид 19 се невакцинирани

Од:

Според анализата на вакцинација што ја објави Министерството за здравство, во период од 6 август до 4 ноември, годинава, на територија на државата 48.955 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид-19, од нив 28% биле целосно вакцинирани, односно 13.886 лица.

За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

– Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19. Според статистика за изминативе два месеци, 35.069, граѓани, односно 72% од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 78%, додека само 22% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6.08 до 04.11.2021 на територија на државата починале 1.688 пациенти со Ковид 19, 1.376 пациенти од починатите, односно 82% не биле вакцинирани, а само 18%, односно 312 примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, информира Министерството за здравство.

Оттаму укажуваат на важноста на вакцинација и додаваат дека секоја вакцина која ја има на располагање е безбедна.

– Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2, велат од МЗ.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски