МВР: Заврши операцијата за трговија со дрога „Балкан“, уапсени 28 лица

Од:

Дирекцијата за борба со наркотици и нелегална трговија во рамки на албанската државна полиција во соработка со Обвинителството за сериозен криминал успешно ја заврши операцијата за трговија со дрога БАЛКАН, започната во 2015 година, соопштија од МВР.Еве што пишува во соопштението:

Истрагите беа насочени кон организирана кривична група, активна во различни земји од балканскиот регион, која тргува со различни видови дроги (хероин, кокаин и марихуана). Хероинот е набавуван од Република Турција и транспортиран до Република Албанија, со конечна дестинација во земјите на ЕУ. Марихуаната е снабдувана во Република Албанија и транспортирана во Република Македонија, Грција и Република Турција.

Паралелни истраги беа водени во Република Албанија, Република Бугарија, Република Македонија, Грција, Република Србија и Република Турција. Размената на информации меѓу агенциите за спроведување на законот во наведените земји се одвиваше во реално време преку канал на СЕЛЕК.

Истрагата резултираше со апсење на 28 лица (каде спаѓаат и 5 организатори), издавање на налог за апсење за 20 други лица кои се вклучени во нелегалните активности на оваа организирана криминална група. Запленети беа приближно 27 kg хероин, 2 kg кокаин и речиси 184 kg марихуана, како и повеќе од 38 000 евра, 1,5 милиона албански леки и 4 оружја. Се очекуваат понатамошни резултати од оваа заедничка истрага.

Би можело да ве интересира

Карабинерите кај Албанец пронајдоа дрога вредна повеќе од 3 милиони евра

А1он

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

20 килограми кокаин запленети во Србија – уличната вредноста на дрогата достигнува и до 5 милиони евра

А1он

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен