МВР: Жерновски не ги познава своите ингеренции

Од:

„Иако помина долг период од отпочнувањето на работењето на новата власт во општина Центар, Министерството за внатрешни работи, жали што актуелниот градоначалник сè уште не ги познава доволно своите ингеренции и обврски кон граѓаните“, се вели во писмената реакција на МВР, насочена по денешната изјава на градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски.

МВР, се вели во реакцијата, се согласува дека работењето на локалната власт во општина Кисела Вода треба да биде пример по кој што во иднина би функционирал и градоначалникот Жерновски.

„Добро е конечно да престане да се занимава само со политикантство и да започне со реализирање на проекти во полза на граѓаните на општината. Без разлика за кого гласале, тие заслужуваат локална власт која ќе ги решава нивните проблеми. Го охрабруваме да ја заборави индиферентноста и да отпочне со покренување на иницијативи кои би значеле напредок на општината. Веруваме дека на неговата колешка ќе и биде задоволство да му помогне и да го упати на добрите начини на работење и пронаоѓање на општествено одговорни претпријатија кои би ги помогнале ваквите проекти. За доброто на сите граѓани, МВР било и останува подготвено да партиципира и да го даде својот придонес не само во областа на безбедноста во сообраќајот, туку во сите проекти за кои што општините ќе проценат дека се неопходни. Општините и властите кои ги управуваат, не смее да се делат на владеачки или опозициски, туку на одговорни и неодоговони, односно на оние кои умеат или не умеат да работат во интерес на граѓаните“, се наведува во реакцијата од МВР.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа