МВР запленил 350.000 парчиња пиротехника на Бит-пазар

Од:

Екипи на МВР вчера заплениле околу 350.000 парчиња разновидни пиротехнички средства од импровизирани тезги на скопски Бит-пазар, информираат од Министерството.

Акцијата била спроведена по добиени оперативни информации од единицата за недозволена трговија, а петардите и другите пиротехнички средства биле запленети од две имровизирани тезги на Бит-пазар.

– Исто така, изминатата недела, постапувајќи во рамки на овој вид активности, Единицата за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со оружје и со експозивни материи, заплени поголемо количество петарди и пиротехнички средства, односно околу 50.000 парчиња разновидни пиротехнички средства. Притоа, против лицата кај кои се пронајдени пиротехничките средства, ќе бидат поднесени соодветни пријави – соопштуваат од МВР.

Пиротехничките средства биле запленети на повеќе локации во Скопје.

Според статистичките податоци на МВР, во текот на изминатите 11 месеци на 2014 година, по кривична постапка запленети биле околу 222.000 петарди, 4.500 ракети и околу 1.700 огномети. Ако на овие количества пиротехнички средства се додадат и оние запленети во рамките на прекршочни постапки, вкупниот број изнесува 230.000 парчиња.

Кривични пријави биле поднесени против 35 лица, за вкупно 34 кривични дела. Најмногу петарди биле запленети во Скопје.

Минатата година, полицијата запленила речиси двојно помалку пиротехнички средства, а кривични пријави биле поднесени против 33 лица за 32 кривични дела од областа на недозволената трговија.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа