МВР: Заев или не разбрал или свесно сака да ја манипулира јавноста

Од:

СДСМ има целосно право да тврди дека во Македонија никогаш не постоел криминал или дека доколку и имало „нешто“, тогаш тие украдени милиони евра се неважни. СДСМ може да предложи и политичка платформа во Собранието со која однапред би биле амнестирани сите членови и симпатизери на партијата, но додека таа не биде поддржана од мнозинството граѓани МВР ќе продолжи да постапува неселективно согласно Уставот и законите, реагира МВР на денешната изјава на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

– Легитимно е претседателот на СДСМ да застане во одбрана на сите кривични дела кои се ставаат на товар на првоосомничениот, но очигледно или не разбрал или свесно сака да ја манипулира јавноста која ја сфати суштината на делото. На првоосомничениот во акцијата „Претседавач“ му се ставаат на товар дела кои ги извршил во функција на ПРЕТСЕДАВАЧ на Управниот одбор на „Машинопромет“. За време на неговото ПРЕТСЕДАВАЊЕ со Управниот одбор во 2011 година, МВР нема сознанија, ниту пак беше предмет на истрагата, дали воопшто бил функционер во локалната власт, се вели во соопштението од МВР.

Без разлика дали некој е политички определен или не, како што се наведува во реакцијата, МВР ќе продолжи да работи неселективно бидејќи сите мора да бидат еднакви пред законите и извршувањето на некоја функција не смее да биде параван или амнестија за сторени тешки кривични дела.

Би можело да ве интересира

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп