МВР за 24 часа издаде 614 нови потврди за искажана намера за поднесување барање за азил

Од:

Министерството за внатрешни работи во периодот од 8 часот вчера до 8 часот денеска издаде 614 потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил во Република Македонија.

Од 614 странски државјани, 441 се од машки пол, 81 од женски, 81 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 11 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 574, Бангладеж – 10, Нигерија –девет, Сомалија – шест, додека останатите се во помал број.

Во периодот од 19 јуни годинава до 12 август годинава во 8 часот, издадени се потврди на вкупно 32.388 странски државјани. Од кои 22.703 се од машки пол, 4.359 од женски, 4.959 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 367 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-25.286, Авганистан-1.990, Ирак-1.667, Пакистан-1.078, Сомалија-547, Палестина-492, Конго-294, Камерун-134, Еритреја-132, Нигерија-126, Етиопија-108, додека останатите се во помал број.

Од почнувањето на издавањето на потврдите до вчера до Одделението за азил се поднесени 41 барање за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда. Притоа 31 барање се од државјани на Сирија за азил, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во Прифатниот центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за вчерашниот ден се евидентирани вкупно тројца баратели на азил, сите мажи.

Од вкупниот број баратели на азил кои се присутни во Прифатниот центар, не се евидентирани баратели на азил со повреди, бремени барателки на азил и малолетни лица без придружба на старател.

Мобилните тимови на Црвениот крст вчера до 17 часот укажале прва помош на вкупно 142 лица, меѓу кои 29 трудници. Имало 79 интервенции на железничката станица во Гевгелија и 63 интервенции на Табановце.

До 17 часот дистрибуирани се 294 шишиња вода, 64 пакети со храна, 33 хигиенски пакети за жени, 43 хигиенски пакети за мажи, 58 пакети за прва помош и 80 пелени.

Би можело да ве интересира

Полициска акција низ скопски локали: Деветмина приведени, пронајдена дрога

ВИДЕО: „Дивиот“ забавен парк кај „Борис Трајковски“ ќе биде отстранет

МВР: Амбер Алерт Европа стартува со кампања низ цела Европа со совети како да се постапи во случај на исчезнато дете

Уапсен кавадарчанец кој му се заканувал на градоначалникот Јанчев

Кумановец загина во тешка сообраќајна несреќа кај Агино село

Пронашле граната, ја однеле во полициска станица во Берово