А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

МВР во соработка со германската полиција уапси криминалец со изречена казна затвор од над 32 години

by А1он11/12/2019 - 11:5412/12/2019 - 14:33309
Share0

Како резултат на извонредната соработка помеѓу МВР и германската полиција на 29 ноември годинава во Хамбург е уапсен Р.Б. (37) по кој трага нашата држава со 11 национални и една меѓународна потерници.

Следете a1on на Instagram Instagram

Р.Б. е сторител на повеќе кривични дела поврзани со измами, фалсификување и телесни повреди сторени на територија на нашата држава и е едно од најбараните лица по кои трага полицијата. За него се донесени повеќе пресуди од нашите судови, со вкупно изречена казна затвор од 32 години и пет месеци.

– Со интензивна комуникација помеѓу Отсекот за меѓународни потраги по лица при Секторот за меѓународна полициска соработка со германскиот полициски офицер за врска, ИНТЕРПОЛ Визбаден, Германија, како и директен контакт со ФАСТ единицата во Хамбург (Fugitive Active Search Team – Единица која активно трага по најбраните криминалци), Германија, за два месеца лицето е лоцирано и лишено од слобода во Германија, информира МВР.

Ова е втор случај на директна комуникација во последниве неколку месеци со полицијата од Хамбург, односно со ФАСТ единицата, по оној во август 2019, кога во соработка со Единицата за недозволена трговија со дрога при Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, со интензивна размена на информации преку германскиот полициски офицер за врска за германски државјанин, за кого имаше активна меѓународна потерница поради сомнение за недозволена трговија на 700 килограми кокаин во Германија, беше лишен од слобода во Северна Македонија.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Покрај ова, како резултат на продлабочената соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и германската полиција за неколку месеци се лишени од слобода околу 30-тина лица по кои трага нашата држава со меѓународни потерници, осомничени за различни кривични дела, со цел екстрадиција кон Северна Македонија, наведува МВР.

mvr

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он12/09/2026 - 11:25

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он12/09/2026 - 09:41

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР

Горан Наумовски11/09/2026 - 14:05

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он10/09/2026 - 17:56

Битолската полиција за шест часа казни 77 возачи на мопеди и електрични тротинети

А1он08/09/2026 - 15:28

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он07/09/2026 - 10:25
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео