МВР во координација со Амбасадата на САД ќе спроведе вежба, затворени неколку улици во Скопје

Од:

Утре со почеток во 08.00 часот, Министерството за внатрешни работи во координација со Амбасадата на САД ќе спроведе вежба, при што од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе се преземат мерки за посебен режим на сообраќајот, извести МВР.

– Затворена за сообраќај ќе биде ул.„Самоилова“ на потегот од ул.„Лазар Личеновски“ (Амбасада на САД) до крстосница со ул.„Прохор Пчински“ и ул.„Самоилова“ и ул.„Лазар Личеноски“ на потегот од зградата на ЈП Водовод до Амбасадата на САД во Скопје. По потреба за сообраќај ќе биде затворен и бул.„Никола Карев“ на потегот од ул.„Македонско- Косовска бригада“ до ул.„8-ми Септември“, како и ул.„Македонско- Косовска бригада“ на потегот од крстосница со ул.„Џон Кенеди“ до крстосница со бул.„Никола Карев“ во Скопје, соопшти МВР.

СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози