МВР: Во изминатите 24 часа не се издадени потврди за барање азил

Од:

Во изминатите 24 часа не се издадени потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, соопшти денеска МВР.

Во истиот период до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил, врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Во периодот од 1 јануари 2016 до ноќеска на полноќ издадени се потврди на вкупно 89.623 странски државјани, од кои 35.381 се од машки пол, 19.617 се од женски и 34.399 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 226 деца кои патуваат без родител. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди најбројни се државјаните на Сирија – 44.734, Авганистан – 26.546 и Ирак – 18.337.

До Секторот за азил барање за признавање на право на азил во истиот период поднеле 29 лицa (22 од Сирија и седум од Авганистан) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 14 март 2016 година евидентирани се вкупно 31 барател на азил од кои 13, седум жени и 11 деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, седум малолетни лица без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Би можело да ве интересира

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он