А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

МВР вклучена во потрагата по двајцата косовски полицајци

by А1он29/04/2018 - 14:0877
Share0

Македонската во координација со косовката полиција трага по двајцата полицајци од Косово кои синоќа со возило излетале во реката Лепенец, од косовската страна на границата.

Следете a1on на Instagram Instagram

Се претпоставува дека телата може да бидат пронајдени и однесени од реката на македонската страна од границата.

– Веднаш штом ќе имаме нови инфомации ќе ја известиме јавноста, рече портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

Вкученоста на македонската полиција во потрагата ја потврди и косовскиот министер за внатрешни работи Бејтуш Гаши,според кого потрага освен на косовската страна се прави и долж течението на реката Лепенец, на македонскиот граничен појас, во близина на селото Блаце.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Ние сме во постојана координација со македонските колеги бидејќи не се отфрла можноста телата на нашите двајца полицајци речната струја да ги однела на македонска страна. Од нивна страна поставени се и неколку препреки, по првиот контакт, за евентуално да не пристигнало нешто. Заедничката акција продолжува, рече Гаши.

Гаши е постојано на терен од синоќа, околу 20:45 часот кога се случи несреќата заедно со други високи косовски фукционери.

Во потрагата се вклучени големи полициски сили, противпожарни единици, нуркачки екипи.

– Ги употребивме сите капацитети за што побрзо пронаоѓање, посочи Гаши.

Двајцата полицајци се дел од Полициската станица од Качаник, а несреќата се случила за време на патрола на излез од градот, кога службеното возило во кое биле од непознати причини излетало од патот во провалија длабока 150 метри и завршило во водите на Лепенец.

kosovomvr

Би можело да ве интересира

Приштина реагира на ставот на Зеленски за Косово: „Нашата државност мора да се почитува“

Горан Наумовски09/08/2026 - 15:37

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

Предраг Петровиќ06/08/2026 - 18:11

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он28/07/2026 - 17:03

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он28/07/2026 - 15:55

Пукање во близина на Дечани: Има мртви

Горан Наумовски23/07/2026 - 17:2323/07/2026 - 18:18

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски15/07/2026 - 08:5415/07/2026 - 12:36
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео