МВР викендов ќе издава лични карти

Од:

Сите одделенија за управни работи на МВР денеска и утре, на денот на локалните избори, ќе работат и ќе издаваат лични карти на граѓаните.

Сите барања за издавање лична карта (оштетена, изгубена или украдена) по законски спроведената постапка, ќе се одобруваат итно во сите регионални Одделенија за управни работи при Министерството за внатрешни работи и тоа само доколку подносителот не поседува биометриска патна исправа.

Барањата за лични карти ќе се примаат и одобруваат итно заклучно со денеска попладне до 16:30 часот.

Веднаш по примањето на апликациите за лични карти, Одделот за информатика ќе ги изработува и ќе ги доставува до надлежниот сектор за навремена дистрибуција до Одделенијата за управни работи.

Утре, на денот на изборите, одделенијата за управни работи ќе работат само за издавање на лични карти во периодот од 7:00 до 19:00 часот.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

МВР викендов ќе издава лични карти

Од:

Граѓаните кои евентуално изгубиле или немаат биометриски личен документ неопходен за гласање в недела на локалните избори, информираат од МВР, за нив ќе може да аплицираат и денеска.

Управните служби на МВР денеска низ цела држава ќе примаат и ќе ги одобруваат барањата од 08.30 часот до 16.30 часот. Граѓаните кои денеска ќе аплицираат или кои аплицирале претходниве денови, ќе можат личните документи да ги подигнуваат и в недела бидејќи на 24-ти е предвидено да работат сите управни служби од 07 до 19 часот, но само за издавање документи, со исклучок на Скопје, каде што и во недела ќе може во итна постапка да се аплицира.