МВР: Уапсените во Грчец барани со потерница поради трговија со дрога

Од:

Двете лица што МВР синоќа ги приведе во Грчец во рамки на акцијата „Мрежа“ биле барани со потерница за два случаи со недозволена трговија со дрога од мај годинава кога беа запленети 10 килограми марихуана.

– Од нив еден килограм беше наменет за домашниот нарко-пазар додека поголемиот дел беше наменет за продажба надвор од Македонија, за што во текот на мај годинава беше поднесена кривична пријава против седум лица од кои четворица беа лишени од слобода, додека за тројца од нив беше распишана потерница. На 21 и 22 мај годинава во две одвоени акции во реонот на „Кванташки пазар“ и на автопатот Скопје – Куманово на патарината Миладиновци беше извршен претрес во две возила „Мерцедес–Спринтер 311 ЦДИ“ и „БМВ“ во кои што беше откриена дрогата. По поднесувањето на кривичната пријава, за сега приведените лица беше распишана потерница. Тие во текот на денот ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка, истакна на денешната прес-конференција министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Појасни дека третото лице по кое била распишана потерница за овие случаи не било приведено вчера и оти по него полицијата ќе продолжи да трага.

МВР вчера ги уапси педесетгодишниот А.П. и Е.Б. (39). Двете лица се приведени во рамките на акција „Мрежа“, насочена против уличните дилери и пресекување меѓународни канали за недозволена трговија со дрога.

– Акцијата реализирана во село Грчец беше брза, прецизна и мина без никакви инциденти. По претходно изготвен План за реализација и обезбедени наредби од судија од претходна постапка беа изршени претреси на три локации каде беа пронајдени и одземени неколку мобилни телефони и СИМ картички со телефонски броеви кои очекуваме да бидат од корист за натамошната истрага, истакна министерката Јанкулоска.

Таа појасни оти приведеното 50 годишно лице било под сомнение како организатор на дел од криминалните активности поврзани со нелегална трговија со наркотици изминатава година. Тој, според полициските евиденции, имал богато криминално досие и познат е како организатор и предводник на повеќе криминални групи.

– Според сознанијата, подолг временски период наназад е инволвиран во недозволена трговија со дрога, а поврзан е со криминални групи од село Грчец кои се занимаваат со недозволена трговија со наркотични дроги-марихуана, кокаин и хероин, како и кривични дела од областа на насилниот криминал и одземање моторни возила и лихварство. Против него се поднесувани кривични пријави од 1991 година за сторени кривични дела фалсификување исправа, предизвикување на општа опасност, загрозување со опасно орудие при тепачка или караница, грабнување, недозволена трговија со дрога и други тешки кривични дела. Тој во 2006 година беше идентификуван и како организатор на „грабнувањето“ на косовскиот државјанин Љуљзум Бегај, сопственик на КОСМОТЕ ФООД Компани, кога за негово ослободување од неговото семејство беше побаран откуп во износ од 500.000 евра. Случајот беше реализиран, а против организаторот, односно сега приведениот и останатите петмина извршители, Одделот за организиран криминал поднесе крвична пријава за сторено кривично дело „грабнување“, за што му беше изречена казна затвор во траење од 10 години во отсуство, рече министерката за внатрешни работи.

За тоа време, додаде таа, според оперативните сознанија, осудениот се наоѓал во Чешка каде што се поврзал со криминали групи чии членови се македонски државјани кои организирале транспорт на наркотична дрога во Северна Бохемија, во близина на чешко-германската граница.

– На 6 декември 2007 година, според информациите добиени од странски служби, судот во Братислава го казнил со затвор во траење од 14 години за недозволено производство и држење наркотични дроги и трговија со оружје. Во Македонија во текот на 90-те години е казнуван и со затвор во траење од по три месеци, условно за една година за сторни кривични дела неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода, рече Јанкулоска.

Во рамки на акцијата „Мрежа“ полицијата привела стотина лица, а биле запленети околу половина тон различни наркотици.

Би можело да ве интересира

МВР: Откриено е лицето кое упатило закани кон судија на Уставен суд

Горан Наумовски

Панче Тошковски по 25 дена се врати во министерското столче во Внатершни работи

Катерина Ѓуровски

МВР демантира дека во возило на МНР управувано од возач вработен во Министерството била пронајдена дрога

А1он

Моторџии возеле без кацига и без дозвола, за еден ден казнети 185 возачи на мотори

А1он

Полициска акција во Скопје, приведени 28 дилери

Назим Буши од денеска ја извршува функцијата министер за внатрешни работи

Анита Петровска Рајковиќ