Од објект во изградба на подрачјето на Центар, каде се изведуваат градежни работи за подземен булевар, во период од еден месец се одземени бакарни кабли со должина од два километри и вредност од околу 200.000 евра.
Случајот, како што информираат од МВР е пријавен во СВР Скопје, по што е уапсено едно лице, вработено како обезбедување во објектот.
По преземени мерки, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“, полициски службеници од СВР Скопје го уапсија Т.М.(68) од Скопје, вработен како обезбедување на објектот, информираат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.
