МВР: Уапсен е еден родител кој учествувал во инцидентот во Штип

Од:

Полицијата извести дека е уапсен 43-годишен родител по денешниот инцидент на фудбалскиот натпревар меѓу екипите на фудбалските клубови „Шкупи“ и „Брегалница“ кој се играше на стадионот „Бело Брдо“ во Штип, во кој беа повредени двајца фудбалери на возраст од 15 години на ФК „Брегалница“.

– Денеска во СВР Штип било пријавено дека на игралиштето „Бело Брдо“ во Штип, за време на одигрување на фудбалски натпревар помеѓу младинските екипи на ФК „Брегалница“ од Штип и ФК „Шкупи“ од Скопје, А.А.(43) од Скопје, родител на фудбалер од ФК „Шкупи“, физички нападнал двајца малолетници од Штип, фудбалери на ФК „Брегалница“, и им нанел повреди. Веднаш по нападот, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода А.А., а малолетниците биле пренесени во Клиничка болница Штип за укажување помош, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Тепачка меѓу владејачкото мнозинство и опозицијата во турскиот Парламент

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пратениците се степаа за време на церемонијата на положување заклетва во турскиот парламент

Горан Наумовски

Шестмина повредени во инцидент во Белград, малолетник се бори за живот

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Расправија во кичевско прерасна во напад – ранетиот итно е пренесен во Скопје

Горан Наумовски