МВР: Тројца осомничени за обид за убиство во Арачиново

Од:

СВР Скопје расчисти кривично дело „убиство во обид” и кривично дело „предизвикување општа опасност”.

„Во врска со кривично правниот настан случен на 29.8.2024 околу 21 часот во скопското село Арачиново, каде што со огнено оружје е пукано кон А.И. (25) и В.Б. (29) од селото, при што со прострелни рани се здобил А.И. и бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти извршени се претреси на повеќе локации, при што од слобода е лишен Е.А. (22) од с.Арачиново. Од страна на ЕНК-ОКСД поднесена е кривична пријава против Е.Б. (29), В.А. (27) и Е.А. (22), сите од Арачиново за кривично дело обид за убиство и кривично дело „предизвикување општа опасност”. Од страна на судија на претходна постапка на лицето Е.А. определена му е мерка притвор во времетраење од 30 дена.

Би можело да ве интересира

МВР: Оружен инцидент во Арачиново, ранет е 48-годишен маж

Горан Наумовски

Ранети се двајца скопјани – пукано e кон нивниот автомобил во Арачиново

А1он

Гори депонија во близина на Арачиново

Горан Наумовски

Притвор за осомничените кои планираа атентат врз претседателот на Србија

Горан Наумовски

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

26 години од загинувањето на тројцата полицајци кај Арачиново