МВР спречи обид за криумчарење мигранти во кумановско

Од:

Полициски службеници спречија обид за криумчарење мигранти кои се наоѓале во патничко возило, на патот од Куманово кон село Костурник.

Како што соопшти МВР, на 28.02.2018 година околу 22.20 часот на патот од Куманово кон село Костурник, од страна на полициски службеник е забележано патничко моторно возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Б.И. (38), а како сопатник бил К.И. (21) двајцата од Куманово, од кое што излегле две непознати лица.

Од страна на полициските службеници извршено е легитимирање и извршен е разговор при што двете лица на возраст од 30 и 48 години од Либија, изјавиле дека сакале да се превезат до село Лојане.

Лицата се лишени од слобода, а од страна на РЦ Север до надлежното ОЈО против Б.И. и К.И се поднесени кривични пријави по член 418 б (криумчарење мигранти) од КЗ на РМ.

Би можело да ве интересира

МВР одобри 24 часовно обезбедување на градоначалничката Данела Арсовска

А1он

Арсовска го објави напаѓачот: Структури во МВР прават се да го заштитат и да го заташкаат случајот

(ВИДЕО) Приведени девет лица во акција за сузбивање на трговија со луѓе и илегална миграција

Предраг Петровиќ

Уапсени се тројца малолетници, фатени со бензин, петарди и запалка

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи

МВР: Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки