МВР: Специјалците работат на евакуирање на пратениците од Собранието

Од:

Со писмено соопштение од Министерството за внатрешни работи информираат дека специјалците работат на евакуирање на пратениците од Собранието.

„Денеска (27.04.2017) околу 18,50 часот граѓаните кои протестираа во организација на граѓанската инцијатива „За заедничка Македонија“, насилно влегоа во просториите на Собранието на Република Македонија. Во нарушувањето на јавниот ред и мир со повреди се здобиле неколку пратеници во Собранието и неколку цивили. При обидот да бидат спречени во намерата 10-тина полициски службеници се здобиле со повреди при што беа префрлени на скопските клиники.

Во оперативниот штаб на Министерството за внатрешни работи присутни се сите раководители: Министерот за внатрешни работи д-р Агим Нухиу, Директорот на Бирото за јавна безбедност м-р Митко Чавков, Заменик Директорот на Бирото за јавна безбедност г-дин Бесир Деари, Помошници на министерот, Помошници на директорот како и останатите раководители-членови на Оперативниот штаб.
Во Оперативниот Штаб 20:08 часот – Директорот на Бирото за јавна безбедност м-р Митко Чавков, издаде наредба на припадниците на специјалната единица да применат овластување и да создадат услови за безбедна евакуација на пратениците и воспоставување на нарушениот јавен ред и мир. Во 20:27 часот припадниците на специјалната единица влегоа во Собранието на Република Македонија и до 20:43 часот евакуирани се 30 пратеници.

Мерки се преземаат и понатаму во Собранието.

Министерството за внатрешни работи на Република Македонија дополнително ќе ја извести јавноста за натамошните случувања“ се вели во соопштението на МВР.

Би можело да ве интересира

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп