МВР со зајакнати мерки и активности за претстојните празници

Од:

Министерството за внатрешни работи соопшти дека по повод претстојните Новогодишни и Божикни празници, кога се очекува зголемена раздвиженост на граѓаните и одржување на јавни собири и манифестации, а со цел обезбедување поволна безбедносна состојба превзема зајакнати мерки и активности по претходно изготвени планови.

По однос на прославите на престојните празници на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје тие ќе бидат соодветно обезбедени. Притоа, на отворен простор прослави ќе се одржат на Плоштад „Македонија“ и Сквер „Јадран“ додека на затворен простор прослави ќе има во салата на КК „Работнички“ во Градски Парк и во Метрополис Арена на Скопски Саем за што од страна СВР Скопје се предвидени доволен број на полициски службеници од сите организациони единици на СВР Скопје и МВР.

Во однос на сообраќајот, информираат дека од страна на организаторите на посочените манифестации не се доставени никакви барања за какви било ограничувања или пак затворање на одредени сообраќајници, односно тој ќе се одвива тековно и без никакви ограничувања.

Воедно, од страна на полициски службеници од општа надлежност и од безбедноста на патниот сообраќај ќе бидат превземени зајакнати мерки и активности на подрачјата на сите сектори за внатрешни работи со цел превентивно покривање на сообраќајниците и угостителските објекти каде што ќе има организиран дочек на Новата 2016 година.

Од МВР апелираат до граѓаните во текот на прославите на претстојните празници да се воздржат од прекумерна употреба на алкохол, да не управуваат возила под дејство на алкохол, како и воздржување од употреба на огнено оружје, петарди и други пиротехнички средства.

Би можело да ве интересира

Скандалозно: Според Тошковски дивоградбите ќе се уриваат само ако се опасни по живот

По докази за дивоградби, полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода

МВР вработува 150 полицајци

МВР одобри 24 часовно обезбедување на градоначалничката Данела Арсовска

А1он

Арсовска го објави напаѓачот: Структури во МВР прават се да го заштитат и да го заташкаат случајот

(ВИДЕО) Приведени девет лица во акција за сузбивање на трговија со луѓе и илегална миграција

Предраг Петровиќ